Тридневен тренинг на тема “Земи збор” во Струга

Викендот во Струга се одржа тридневен тренинг на тема „ Земи збор” наменет за Училишните заедници од 9 училишта од нашата држава.На овој тренинг учествуваа двајца ученици од нашето училиште, заедно со наставникот по Граѓанско образование.
Тренингот беше од интерактивен карактер и учениците и наставниците разговараа за:
👉поефикасно ученичко учество во донесувањето на одлуки во рамки на училиштата;
👉поефикасна работа на ученичките заедници во текот на годината
Тренингот се спроведува како дел од проектот „Learning, Engagement and Democracy“ финансиран во рамки на програмата Еразмус+

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *