Трета меѓународна конференција по математика, физика и сродни науки
Наставниците по математика од нашето училиште учествуваа на Третата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки која се одржа од 6-8 мај на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Наставниците научија нешто ново, ги споделија искуствата од секојдневната работа и ќе придонесат за промоција на математиката и природните науки. Воедно, тие го посетија и Саемот на книгата.



