Термини за ученици кои не се пријавиле на првиот уписен рок

Почитувани ученици!

Заврши првото пријавување на ученици во средно училиште.

Конечните ранг листи од првото пријавување за упис во СОУ “Коле Нехтенин” Штип се објавени на огласната табла во училиштето.

На сите примени ученици им посакуваме многу успех и среќа во понатамошните средношколски денови.

За останатите заинтересирани ученици кои не се пријавиле на првиот уписен рок ве очекуваме во термините наведени подолу.

⏳ Второто пријавување на учениците ќе се врши на:

21 јуни до 24.00 часот

22 јуни 2022 до 15:00 часот

✔️Прелиминарната ранг листа се објавува на:

23 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.

✔️ Доставување на потребената документација:

23 јуни од 12.00 до 19.00 часот

24 jуни од 07.00 часот до 19.00 часот

✔️ Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022

година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *