“Текстилијада 6”
Нашите ученици Филип Донев II-3 клас, Димитриј Давитков II -3 клас, Лидија Коцева II-4 клас, под менторство на проф. Сузана Арсова и ученичката Сара Тошева III-3 клас, под менторство на проф. Данче Тошева, учествуваа на настанот за читање на литературни творби инициран од Гласен Текстилец, во соработка со НУ-УБ ,,Гоце Делчев’’ – Штип, во рамките на ,,Текстилијада 6’’. Нивните креирани лични литературни творби беа начин да се истакнат проблемите, потребите на текстилните работници.
Учениците за овој настан добија благодарници и скромен подарок.
Им благодариме на менторите и талентираните ученици за заложбата и посебниот придонес во ,,Текстилијада 6’’.


