Средношколска екскурзија за учениците од СОУ “Коле Нехтенин”.

Во периодот од 28.05.2018 до 02.06.2018 година се реализираше повеќедневна средношколска екскурзија со природо-научен и културо-историски карактер за учениците од СОУ “Коле Нехтенин”.
Екскурзијата опфати посета и разглед на повеќе европски градови ,со нивните најпознати културно-историски знаменитости како и природно-научни музеи.
Првиот ден од екскурзијата го опфати патувањето од Штип до Белград. Следуваше разглед на знаменитостите на градот како плоштадот Теразије ,Славија, позната улица Кнез Михајлова и тврдината Калемегдан. Вториот ден беше предвиден за разглед на Постојнска Јама и Љубљана. Во посебниот природно-научен музејски дел од Постојнска Јама учениците гледаа документарен филм за живиот свет во пештерите ,а имаа и единствена прилика да ја видат огромната збирка на пеперутки ,како и сите останати експонати во музејот.Посетата продолжи со разглед на фасцинантниот пештерскиот дел.Патувањето продолжи кон Љубљана,главен град на Словенија. Разгледани се Прешерновиот плоштад, Змаевиот мост,Трикатниот мост,Градската куќа и останатите знаменитости на Љубљана.Ноќевање во Руше,близу Марибор.Трет ден посета на Виена со разглед на Рингштрасе, операта, парламентот, музејот на современа уметност.Четвртиот ден беше предвиден за разглед на Прага,главен и најголем град на Чешка: Прашкиот дворец со Прашката кула, Катедралата Св Витус и Златната улица, Карловиот мост ,плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV ,астрономскиот часовник Орлој и многу други знаменитости на градот.Вечерта организирана посета на диско клуб.Петиот ден разглед на Дрезден :операта Земпер, палатата Цвингер, протестантската Богородична црква, римокатоличката дворска црква-палата, Резиденционалната палата, палатата Тешенбер, Августовскиот мост.Шести ден е посета на Будимпешта : Цитаделата на Будим,парламентот,црквата Св.Стефан,мостовите на Дунав,улиците Андраши и Ваци.
Учениците се вратија дома задоволни и полни со убави впечатоци и со спомени кои ќе траат цел живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *