Средба со сопственикот на италијанската компанија “Кондево”

На 17.03.2022 во просториите на италијанската компанија “Кондево”, претставници од СОУ”Коле Нехтенин” Штип остварија работна средба со сопственикот на компанијата г.Раффаеле Џанони и стручниот тим предводен од раководителката на администрацијата г-ѓа Славјанка Стојановска.

На средбата се разговараше за сите потенцијални можности за соработка во делот на Учење преку работа кај работодавач, Феријална пракса и отворање Дуална паралелка во нашето училиште. За почеток на нашата соработка ќе биде посета на компанијата од страна на нашите ученици од четврта година и запознавање со можностите кои таа ги нуди за нивно вработување непосредно веднаш по завршувањето на средното образование.

Дополнително “Кондево” ќе одржи своја презентација во просториите на училиштето, се’ со цел пошироко да ги запознае учениците со начинот на работа и придобивките кои таа ги нуди. Исто така ќе се реализира т.н.”Отворен ден” во производствени капацитети на “Кондево”. Учениците кои не планираат да го продолжат своето образование во некоја од високо-образовните институции, веќе во јуни ќе имаат можност да бидат примени на тринеделна платена пракса во компанијата со можност за склучување договори за работа. Особена чест и задоволство ни причинува фактот дека во оваа компанија, токму во врвниот стручен тим се наоѓаат наши поранешни ученици Никола Тасевски и Методи Михајлов.

Ако нашето мото е: Биди и ТИ дел од најдобрите!, денешната средба го потврдува истото.Во текот на наредниот период ќе бидат остварени средби со други компании, клучни субјекти во економскиот развој на градот, наши потенцијални партнери за соработка.

Нашата цел е подигнување на воспитно-образовниот процес на едно повисоко ниво и обезбедување на квалитетна работна сила на пазарот на трудот.

в.д.дир.Јованка Шалева

Можно е да е слика од 8 луѓе, луѓе што стојат и текст кој вели „CONDEVO MK“
Можно е да е слика од внатре

Leave a Reply

Your email address will not be published.