Средба во Американското катче со Светлана Кордумова CEO и основач на Pixyle.

Во текот на 29.3.2023 ученичките од нашето училиште, имаа несекојдневна средба во Американското катче со Светлана Кордумова CEO и основач на Pixyle.ai.

Компанијата Pixyle.ai на Светлана Кордумова веќе 4 години работи на усовршување на софтвер што се базира на вештачка интелигенција за потребите на модната индустрија.Еден од најпопуларните продукти на компанијата е автоматското тагирање, односно автоматското генерирање на атрибути за облека на клиентите, а моментално нивната таксономија брои повеќе од 20 000 различни атрибути со цел да се опфатат што е можно поголем дел на прашања кои ги имаат потрошувачите за пребарување на облека. Неодамна, нејзината компанија доби инвестиција од 1 милион евра од South Central Ventures, која Светлана ќе ја искористи за нови персонализирани понуди за секој бизнис модел, како и за проширување на пазарите во САД и Европа.

Пред нашите ученици Светлана зборуваше за нејзините образовни и професионални предизивици како жена претприемач. Дискутираше за сите предизвици со кои се соочила за време на нејзините докторски студии во Холандија и како успеала да се справи со нив.Нашите ученички имаа можност да слушнат што е потребно за да бидат успешни, како го дизајнирала својот продукт и како успејала да ги препознае потребите на клиентите. Таа исто така објасни дека е многу важно една компанија да има добро развиена компаниска култура, да ги мотивира и да инвестира во своите вработени за да станат најдобрата верзија од себе.

Успешната приказна на Светлана Кордумова им беше вистинска инспирација на нашите ученички од трета и четврта година. Се` поголем број на ученички се одлучуваат да го продолжат своето формално образование во средно стручно училиште и да одберат некоја од перспективните струки кои ги нуди нашето училиште како основа за уште поголеми успеси понатаму на техничките факултети.

Можеме да се пофалиме дека во редот на вработените во Pixyle.ai се и Симона Атанасова и Ајша Рахмани кои своето средно образование го завршија во СОУ ,,Коле Нехтенин’’.

Огромна благодарност до Американско Катче – Штип за поканата. Беше вистинско задоволство да се слушне инспиративната приказна за почетоците и растот на компанијата на Светлана Кордумова која им овозможува раст и развој на сите перспективни студенти од техничките струки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *