Сплотен град за НУЛА ГЛАД

Денес нашите ученици повторно беа активни во проектот „Сплотен град за НУЛА ГЛАД“ кој го реализира Црвениот Крст на Штип ,а на кој се приклучи и Здружението на пензионери од Штип. Учениците од угостителската струка готвеа заедно со волонтерите на Црвениот крст и пензионерки од здружението ,а приготвената храна ќе се донира на социјално загрозени семејства на кои истата им е неопходна.Се месеа лепчиња ,се сукаше баница ,се готвеа јадења…Во прекрасна атмосфера на соработка помеѓу постарите и помладите,во прекрасните услови на новоопремента кујна се создаваа оброци за оние на кои им се најпотребни. Денес повторно ја покажавме нашата хуманост. Повторно покажавме дека освен што нашите ученици стекнуваат знаења,тие стекнуваат и хумани вредности.

Leave a Reply

Your email address will not be published.