СОУ “Коле Нехтенин” на листата од 12 средни училишта избрани за учество во голем меѓународен проект “Квалитетно образование за сите”

Во време на уписи на ученици во прва година со нашите сегашни и идни ученици, нивните родители, локалната самоуправа и сл. сакаме да ја споделиме следната вест:

СОУ”Коле Нехтенин” Штип ја имаше честа да се најде на листата од 12 средни училишта избрани за учество во голем меѓународен проект “Квалитетно образование за сите”, во организација на Советот на Европа, финансиран од Германија.

Изборот е направен според строги критериуми и анализа на целокупното работење на училиштата на ниво на Република Македонија.

Горди сме што квалитетот се препознава, вреднува и на нашето училиште му се дава можност за уште поголем напредок.

Проектот ќе трае во периодот 2023-2025г.и предвидува голем број обуки, работилници, предавања за учениците и наставниците, вмрежувања на национално и меѓународно ниво и сл.

Нашата примарна цел е, и останува квалитетно образование, и задоволни и мотивирани ученици!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *