Соработка со “Актива”
Учениците од II-5 клас, профили техничар за компјутерско управување и машински техничар, на 5.5.2022г. ја посетија компанијата “Актива” и реализираа дел од наставните часови. Тие имаа можност да разгледаат различни машини( припрема на метални конструкции со помош на ласерско сечење и мерење на профили како и заварување со роботска рака, CNC струг, CNC фреза, CNC ласер, прашкасто фарбање и печење на бојата, заварување со CO² итн..) и да се стекнат со повеќе практични знаење поврзани со нивната струка.
Соработката со “Актива” продолжува и понатаму до крајот на наставната година, но и во летните месеци кога голем број ученици феријалната пракса ќе ја реализираат токму овде.
Проф. Томе Коловски





