СЛОБОДНИ МЕСТА -ВТОРО ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО СОУ”КОЛЕ НЕХТЕНИН”-ШТИП
ВАЖНО!!!
СЛОБОДНИ МЕСТА -ВТОРО ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО СОУ”КОЛЕ НЕХТЕНИН”-ШТИП
Почитувани ученици,
Од утре започнува второто пријавување на ученици во средно училиште.
За сите заинтересирани ученици кои не се пријавиле во првото пријавување во нашето училиште или биле одбиени ве охрабруваме тоа да го направите во второто пријавување кое ќе се врши на 27 јуни до 24.00 часот и 29 јуни до 10:00 часот.
Слободни места има во следниве профили:
Електротехничка струка
*Електротехничар – енергетичар
(дуалнa паралелка во соработка со Електродистрибуција ДООЕЛ, Лион ДОО – Свети Николе, Јоле ДООЕЛ, Т&M ДООЕЛ, ЈП Хидро систем Злетовица)
*Електротехничар за електроника и телекомуникации
Машинска струка
*Техничар за компјутерско управување/Машински техничар (дуална паралелка во соработка со Актива ДОО)
* Машински техничар за моторни возила/ Машинско енергетски техничар
* Машински механичар/Конструкциски механичар (тригодишно образование)
Угостителско – туристичка струка
*Келнер/Готвач (тригодишно образование)
За секој профил бодовите за прием во истиот се соодветно намалени.
ВАЖНА НАПОМЕНА:
Доколку имате проблем со постапката за пријавување или потреба од било каква информација, консултација и сл., повелете во училиштето кое ќе работи цел ден во деновите на уписи.