Светски ден на учителот – 5 Октомври

Денес е 5 Октомври- Светскиот ден на учителот. Да се биде учител, наставник, педагог во рамките на модерниот 21 век е голем предизвик.

Големиот Џон Слотер вели:

Во текот на денот од мене се очекува да бидам глумец, другар, медицинска сестра и лекар, тренер, пронаоѓач на изгубени предмети, позајмувач на средства, таксист, психолог, замена за родител, продавач, политичар и чувар на вербата.

……………………..

Јас сум борец, секојдневно водам битка со притисок на врсниците, негативните појави, стравот, конформизмот, предрасудите, незнаењето и апатијата. Меѓутоа имам и големи помагачи: интелигенцијата, љубопитноста, поддршката на родителите, индивидуалноста, креативноста, вербата, љубовта и смеата, кои се заедно со мене и жестоко ме подржуваат.

………………………….

Јас сум учител, и секојдневно му благодарам на Бога…

Секој посветен педагошки работник може да ја разбере суштината и тежината на овие зборови.

Нека ни е честитот денот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *