Светски ден на поезијата 21 Март

21 Март – Ден на пролетта, ден на поезијата, ден на високи награди за младите поети од СОУ„Коле Нехтенин“. На конкурсот распишан од страна на ОУК„Дом на млади“Штип по повод „Светскиот ден на поезијата 21 Март“, ученикот Мартин Ристов под менторство на проф. Сузана Арсова го освои I (првото) и III (третото) место во конкуренција на ученици од сите општински средни училишта и студенти од факултетите. Како ученици – натпреварувачи на Конкурсот од СОУ„Коле Нехтенин“се претставија и учениците Елена Вучевска, Стефан Динушев, Ванеса Стаменковиќ и Симона Наскова. Честитки за учесниците на Конкурсот и желби за натамошни поголеми успеси и афирмација на училиштето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *