Резултати од огласот за избор на ученици од СОУ „ Коле Нехтенин“ Штип за учество во Еразмус+ проект
По објавениот оглас за избор на 10 ученици од угостителско-туристичката струка за учество во проектот „ Обука за угостителство во Кипар“ од Еразмус+ програмата, во сите класови од угостителско-туристичката струка се изврши презентирање на проектот со цел целосно запознавање со сите аспекти на проектот.
Огласот со критериумите за избор беа објавени на огласните табли во училиштето и на ФБ и Инстаграм страната на училиштето. Во критериумите за избор беа вклучени вкупниот успех на ученикот, оцена од предметот практична настава, оцена од предметот англиски јазик, поведение на ученикот, професионална биографија, мотивационо писмо, препорака од угостителски објект, препорака од наставник по практична настава и препорака од класен раководител.
Во првиот дел од селекцијата учениците беа бодирани според доставените документи од огласот, а во вториот дел се реализираше интервју со учениците и проверка на нивните познавања на англискиот јазик. По сумирање на резултатите од двата дела на селекцијата добиена е конечната ранг листа на учесници со најмногу бодови.
Според ранг листата со најдобри резултати се следниве ученици :
1. Постоловска Зоја
2. Ѓоргијова Стефанија
3. Костова Сандра
4. Несторов Славче
5. Спасов Мануел
6. Јанев Никола
7. Цветков Благојче
8. Боривоевски Филип
9. Стефанов Александар
10. Анакиева Ева
На избраните ученици им честитаме за успехот и се надеваме дека достојно ќе го претставуваат нашето училиште и нашата земја. За останатите ова нека биде мотивација да учат и да се трудат уште повеќе, за да успеат во остварувањето на своите желби.
Правна поука :Увид во целокупните резултати, незадоволните кандидати можат да извршат во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, кај одговорното лице за проектот во училишната библиотека.
Дата 01.03.2022 Еразмус тим СОУ „Коле Нехтенин” Штип
Координатор Лидија Кишишева

