Редослед по азбучен ред за проверка на вашите документи и апликации
Почитувани ученици!
Ве очекуваме во нашето училиште од 12:00ч.до 19:00ч. на 23 јуни или од 07:00ч.до 19:00ч. на 24 јуни за проверка на вашите документи и апликации според редоследот по азбучен ред објавен подолу.
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022
година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
-Испечатена електронска апликација;
-оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаате) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
Учениците кои се уште се двоумат каде да го продолжат средното образование, направете го правилниот избор и бидете дел од нашето училиште. Доколку имате било какви прашања поврзани со нашето училиште и можностите кои ги нуди, Ви стоиме на располагање во секое време.
