Регионален форум на ровери (категорија на извидници од 17-24 години)

Во периодот од 9.12.2021 до 12.12.2021 се одржа регионалниот форум на ровери (категорија на извидници од 17-24 години) во Сутоморе, во организација на Сојуз на извидници од Црна Гора.

На тој форум беа присутни извидници од повеќе држави меѓу кои Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора. Од нашето училиште учество земаа Драган Дончевски од III-3 и Филип Малинов од III-1, кои се неколкугодишни членови на Извидничкиот одред ,,Еквинокс’’ од Штип.

Примарната тема на форумот беше маркетинг,а имаше и предавања од областа на јавни настапи, дигитален маркетинг, дизајн и брендови. Предавањата беа одржани од повеќе гости меѓу кои и Галеб Никачевиќ, Вања Косовиќ и Ненад Јовановски.Им честитаме на нашите ученици за нивното учество на овие предавања. Нека бидат поттик и за останати ученици континуирано да ги надоградуваат своите знаења.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *