Регионален форум за кариерно советување на младите

Ученици од нашето училиште со педагогот Сузана Лазарова Ефтимова и наставникот Лидија Кишишева присуствуваа на Регионалниот форум за кариерно советување на младите во рамките на проектот Младите од рурарните средини за интеграција на Македонија во ЕУ. Целта на проектот е да им помогне на младите од руралните средини и младинските граѓански организации од Источниот и Југоисточниот плански регион да бидат активни чинители во процесот на ЕУ интеграција на Македонија.Проектот е финансиран од ЕУ и е спроведуван од ЦНВП Македонија, Мрежата за рурален развој на Македонија, Хрватската мрежа за рурален развој и Мрежата за рурален развој на Србија.
Целта на настанот е да им се обезбедат повеќе информации на младите од руралните средини за можностите за развој на нивната кариера, можностите за подобрување на нивните вештини и вработување преку програмата Младинска Гаранција и мерките за поддршка на млади фармери и други мерки кои се дел од националната програма за рурален развој и ИПАРД програмата. На настанот гостуваа презентери од Мрежите за Рурален Развој на Хрватска и на Србија, како и претставници на институции, граѓански организации и бизнис заедницата кои ги споделија нивните искустваи ги информираа младите за инструментите и политиките за поддршка на младите од руралните средини за развој на нивната кариера и вработување,

Leave a Reply

Your email address will not be published.