Регионален натпревар за стручни предмети во општина Кочани
На 25.3.2022 во СОУ ,,Гошо Викентиев” во општина Кочани се одржа регионален натпревар за стручни предмети, како прелиминарен дел од претстојниот државен натпревар во месец мај годинава. На регионалниот натпревар учество зедоа и наши ученици од електротехничката и машинската струка, а се натпреваруваа во повеќе категории на стручни предмети.
Учениците кои освоија доволно поени и се квалификувани за Државен натпревар се:
– Јакимче Павловски III-1 клас (ментори: Деспина Р. Делипетрева, Владо Арсов, Стојан Хаџи-Николов),
– Филип Атанасовски III-3 клас (ментори: Зоран Поп-Томов, Александар Иванов, Методи Симонов),
– Сезар Зекир III-6 клас (ментори: Томе Коловски, Драган Станков, Александар Наумов)
– Дамјан Бојковски III-5 клас (ментори: Атанас Крстовски, Игор Милев, Тоне Петров).
Учениците Андре Гацов III-2 клас (ментор: Љупче Јаневски), Кристијан Андонов III-6 клас (ментори: Драган Станков, Марјанчо Јованов, Владо Арсов) и Дарио Малинов III-5 клас (ментори: Борис Крлански, Венцислав Панев, Игор Милев) се директно квалификувани за државниот натпревар, според условите за конкурентност на предметите.
На учениците и менторите им честитаме и им посакуваме многу успех во понатамошните натпревари!




