Реализација на практична настава во компанијата “Актива”
Учениците од III-4 клас, профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика ја реализираа Практичната настава во компанијата “Актива” како дел од редовните часови при учење преку работа. Имаа можност да разгледаат различни машини (припрема на метални конструкции со помош на ласерско сечење и мерење на профили како и заварување со помош на роботска рака, CNC ласер, прашкасто и мокро фарбање), се’ со цел да се стекнат со повеќе знаења и пракса.
Соработката со “Актива” продолжува и понатаму како до крајот на учебната година така и во летните месеци кога голем број на ученици феријалната пракса ќе ја реализираат токму овде.
Проф. Јулијана Ташкова






