Реализација на Еразмус+ проектот “Обука за угостителство во Кипар”

Започна реализацијата на Еразмус+ проектот „Обуката за угостителство во Кипар“ за учениците од угостителско-туристичката струка од нашето училиште, кој е во соработка со младинската организација Dione од Кипар. По пристугнувањето во Аја Напа учениците беа пречекани во Olympic Lagoon Resort Ayia Napa од генералниот менаџер Marios Vassiliou. Во текот на првиот ден учениците го разгледаа хотелскиот комплекс, беа запознати со местата каде што ќе ја изведуваат нивната практична настава и разговараа со одговорните супервизори од хотелот. Од вчера учениците започнаа со практичната обука низ седумте ресторани од различни национални кујни кои се во склоп на овој хотелски комплекс.

На овој начин учениците ќе стекнат нови знаења и вештини со кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот низ целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *