Работна средба со сопственикот на компанијата “Актива”
Денес е голем ден за нашето училиште!
Остваривме успешна работна средба со сопственикот на компанијата “Актива” г.Иле Николов. Од негова страна ни беше презентирана целокупната нивна долгогодишна работа, резултатите и успесите со кои тие се вбројуваат како една од најуспешните компании на европскиот пазар за производство на машински елементи за автомобилската индустрија, авионската индустрија, машини за земјоделие, градежништвото и сл.
Според сите европски образовни стандарди ние како училиште имаме обврска да се реформираме и да го унапредуваме воспитно-образовниот процес. “Актива” како општествено одговорна компанија денес широко ги отвори своите порти и ни ги става на располагање своите производствени капацитети за реализација на Учење преку работа кај работодавач и Феријална пракса. Исто така го прифаќаат предизвикот да бидат наша партнер компанија при оформување на дуални паралелки и реализација на големи проекти со кои се предвидува опремување на нашето училиште. Голем дел од нашите ученици ќе имаат можност да се пронајдат себеси на работна позиција, да ги надградат своите теоретски знаења со практични, а за тоа да бидат мотивирани и наградени.
Уште еднаш јавно ја искажуваме нашата голема благодарност до г.Иле Николов за неговата поддршка и подадена рака за соработка!
в.д.директор Јованка Шалева





