Работилница од Еразмус+ проектот „Интегрирање на дигитални содржини и дигитализација во средните училишта“
Од 27 до 29 март 2023 година во Скопје се одржа четвртата работилница од Еразмус+ проектот „Интегрирање на дигитални содржини и дигитализација во средните училишта“ во кој е вклучено и нашето училиште. На досегашните работилници од проектот се разменуваа искуства и се усвојуваа нови вештини и знаења. На оваа работилница партнерите од Словенија, Хрватска , Албанија и Македонија ги презентираа досега изработените содржини за одредени наставни предмети. Како продукт од овој Еразмус+ проект до крајот треба да бидат изработени целосни дигитални содржини за најмалку два наставни предмети од секое средно училиште од земјите партнери, а истите содржини да бидат во различни дигитални формати со користење на различни дигитални алатки. Изработените содржини ќе можат да се користат како отворени образовни ресурси во сите земји партнери, но и за сите останати заинтересирани, бидејќи ќе бидат на англиски јазик. На оваа работилница учествуваа Катерина Стефанова, Ивана Стојанова, Томе Коловски и Лидија Кишишева. Претходно на 13 и 14 март во Загреб се одржа координаторска средба од истиот проект на која се реализираа организациски активности помеѓу земјите партнери.