Работилница на тема“Основи на добро управување на претпријатието”
Од 23.3-24.3.2023 година во хотел Буши во Скопје се одржа работилница на тема: “Основи на добро управување на претпријатието” во организација на Занаетчиската комора на Македонија.
Наставници од нашето училиште се дел од оваа работилница каде го истакнаа значењето на поврзување на училиштето со пазарот на трудот, и важноста на маркетингот за поголем опфат на ученици. Посебно внимание се посвети на изнаоѓање начини за одржливо управување со училиштето со посебен акцент на трите аспекти:
1.Социјални прашања
2.Економија
3.Екологија
Работилницата ја водеа госпоѓа Андреа Рајхман и госпоѓа Кристиане Цигнер експерти од Занаетчиска комора Кобленц Германија.