Работилница за Источно планскиот регион за изработка на Националната развојна стратегија

Денес наши ученици и наставници учествуваа на првата работилница за Источно планскиот регион за изработка на Националната развојна стратегија.

Овие „Визонерски работилници“ се организираат со цел секој граѓанин да може директно да се вклучи во процесот на креирање заедничка визија за развојот на нашата држава и општество во претстојните декади односно во периодот до 2042 година.

Станува збор за целосно инклузивен и транспарентен процес преку кој сите заедно ќе ја создадеме нашата иднина.

Нашите ученици и наставници активно се вклучија во градење на визијата за наше подобро утре. Да работиме посветено и ефикасно за да создадеме општество какво што посакуваме.На работилницата присуствуваа учениците Спасов Мануел, Несторов Славче, Илиева Елеонора, Михајлов Бојан, Балтовски Давид , стручен соработник Весна Ивкова и наставник Лидија Кишишева.

Можно е да е слика од 1 лице
Можно е да е слика од 6 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 1 лице и внатре

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *