Работилница во соработка со ЕВН Македонија
Во соработка со ЕВН Македонија, СЕТУ “Михајло Пупин” беше домаќин на работилница (обука за наставници од електротехничка струка -Енергетика). Претставници од нашето училиште беа Стојан Хаџи Николов и Дејан Рунчев, врвни професори и инженери од оваа област кои своето знаење и вештини со години наназад ги инвестираат во развојот на нашето училиште. Целта на оваа работилница е токму тоа, стекнување повеќе знаење и поголеми можности за унапредување на средното стручното образование.






