Просветен работник на годината

Највредниот капитал што го поседува една работна организација се луѓето.

Во СОУ”Коле Нехтенин” Штип се грижиме за нашите ученици и се радуваме на нивните успеси, но и за достигнувањата на вработените.

За учебната 2021/2022 г. за Просветен работник на годината беше избран Антонио Киров, наставник по Спорт и спортски активности.

Денес му доделивме Признание и скромен подарок, таблет, за неговиот долгогодишен труд и особени резултати во воспитно-образовната работа и други активности поврзани со училиштето.

Да се радуваме на сопствените, но и на туѓите успеси бидејќи среќата е единственото нешто што се множи кога се дели!

в.д.директор Јованка Шалева и вработените во СОУ”Коле Нехтенин” Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *