Проект за уредување на внатрешниот дел од дворот

СОУ”Коле Нехтенин” Штип новата календарска година и второто полугодие ќе го започне со уште еден реализиран проект. Во изминатиот период се работеше на уредување на внатрешниот дел од дворот во кој се доаѓа преку училишниот хол на приземје. Сега веќе уредениот и оплеменет простор со настрешница, проектор, клупи, мини парк… ќе има повеќе намени како летна училница, простор за одржување работни состаноци и обуки, но и како пријатно катче за одмор и дружење на учениците и вработените.

За малите, а големи нешта, скоро секогаш е најбитна идејата.

Успехот е неминовен!Продолжуваме така и во иднина! Директор Дејан Павлов

Leave a Reply

Your email address will not be published.