Проектот INTERVET WB

Одобрен во 2019 година, проектот INTERVET WB им овозможи на 18 наставници од сите средни стручни училишта од 6-те земји од Западен Балкан (Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Македонија и Босна) да земат учество на 7 дневна пракса во странство ( job shadowing). Во овој прв повик за стручни училишта во нашата земја беа избрани тројца наставници меѓу кои и Катерина Стефанова, наставник по англиски јазик во нашето училипште. Таа успешно ја обави својата практична работа (job shadowing) од 4ти до 8ми април 2022 год. во Да Винчи Колеџот во градот Дордрехт во Холандија.

Ова беше исклучителна мoжност и обука за наставници да разменуваат практики и информации за нивниот систем за стручно образование, со што ќе се подобри меѓусебното знаење меѓу европските и земјите за проширување. – Здобивање со поголемо знаење за интеграција на размена во наставната програма и применетите методологии за учење засновано на работа, но и други аспекти на интерес, како што е употребата на технологија во наставата, претприемачкото образование и сл.

Leave a Reply

Your email address will not be published.