Претставување на Системот за следење на кариерите на матурантите и обучените возрасни лица!

Денес (3.2.2023 г. ) во Струмица се одржа еден од серијата настани за претставување на Системот за следење на кариерите на матурантите и обучените возрасни лица (Tracer system)‼

Овој систем е дел од приоритетните задачи од Стратегијата за образование (2018-2025 година), а имплементацијата е потпомогната од Европската унија .

Намената на Системот за следење е да утврди колку добро напредуваат матурантите/обучените возрасни лица со стекнатото знаење. Дополнително системот за следење обезбедува: информации за надлежните институции поврзани со успешноста на учениците на пазарот на трудот; повратни информации за квалитетот на стручното образование и обука и можност за адаптација на образовните програми во склад со потребите на пазарот на трудот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *