Претставете ги вашите вештини со Европас!
Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по повод Еразмус деновите, организира онлајн работилница на тема: Претставете ги вашите вештини со Европас.
Целна група се ученици и студенти кои сакаат да ги развијат своите меки вештини.
Учениците кои се заинтересирани за учество можат да се пријават со скенирање на следниот код.
