Претставено нашето училиште при организација на Академија “Еуроарт” – Штип

Во историјата на книжевноста, љубовта се појавува како чест мотив за пишување. Некои од најубавите книги се инспирирани токму од ова возвишено чувство.

Во чест на Денот на љубителите на бублиотеки, православниот празник “Св. Трифун” и католичкиот празник “Св. Валентин”, при организација на Академија ,,Еуроарт” – Штип, беше претставено и нашето училиште.

На настанот нашите ученички: Михаела Ѓоргиева од III-5 клас, под менторство на проф. Данче Тошева и Зоја Постоловска од III-8 клас, под менторство на проф. Верица Милорадова, учествуваа во Книжевно – музички перформанс ,,За љубовта, виното, поезијата…”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *