Презентација од проектот „ЕУ за Млади“ реализиран од конзорциум предводен од WEglobal

Во рамките на проектот „ЕУ за Млади“ реализиран од конзорциум предводен од WEglobal, се организира национална информативна кампања за воведување на систем за следење на кариерите на матурантите кои завршуваат тригодишно и четиригодишно стручно образование. Од вториот круг на презентации, денес се реализираше презентација намената за класните раководители и наставници по информатика од средните стручни училишта од Штип, Кочани и Св.Николе. На презентацијата беа споделени целите на активностите како и начинот за регистрација во системот и внесување на потребните информации од страна на матурантите.

Од нашето училиште присуствуваа класните раководители Жаклина Атова, Драгана Љуботенска и Лидија Кишишева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *