Презентација на Системот за следење на кариерите на матурантите!
Класните раководители од училиштата
СОУ „Коле Нехтенин“, СОУ „Димитар Мирасчиев“, СОУ „Јане Сандански“ од Штип и СОУ „Кочо Рацин“ од Св. Николе присуствуваа на презентација на Системот за следење на кариерите на
матурантите
Целта на презентацијата е професорите да се вклучат во анимирање на учениците да се пријават на овој систем кој ќе биде од помош за нив, но и за надлежните институции во областа на образованието, трудот и социјалната политика, финансиите и економијата воопшто.
Тимови на проектот „ЕУ за млади“ ги посети речиси сите средни училишта во земјата и ги одржа овие средби со класните раководители и директорите.
Повеќе може да видите од видеото: https://www.youtube.com/@eu4youthsrpc


