Предавање: Превенција од болести на зависност, во соработка со Црвен крст од Штип!
На 24.11.2022г во просториите на нашето училиште, во соработка со Црвен крст од Штип се одржа предавање на тема: Превенција од болести на зависност (дрога, алхохол, цигари.) Целта на предавањето е да го продолжиме нашиот континуиран напор за превенција и подигање на свеста за ризиците кои ги носат зависностите кај младата популација.
Предавањето беше спроведено од страна на обучен врснички едукатор од Клуб на млади, при Општинската организација Црвен крст во Штип.