Предавање на тема “Сексуално преносливи болести“
Група ученици од четврта година од нашето училиште спроведоа истражување на тема“ Младите и нивниот сексуален живот“. Со анкетата беа опфатени 179 ученика од кои 124 момчиња и 55 девојчиња. Од вкупниот број анкетирани ученици 99 ученика се изјасниле дека се сексуално активни, а останатите изјавиле дека не се.
45% од вкупниот број ученици при сексуалниот однос користат некој вид заштита, а останатите ученици само понекогаш или воопшто не користат.
Во однос на прашањето дали се доволно информирани за потребната заштита при сексуален однос 94 ученика сметаат дека се доволно иформирани, а останатиот дел немаат ниту делумни познавања.
Учениците беа прашани и за потребата од сексуална едукација на што сите позитивно се изјаснија дека им се потребни обуки и предавања од таа тема.
За таа цел во училиштето се одржа предавање на тема “Сексуално преносливи болести“од страна на обучени лица од Центарот за јавно здравје.
Училиштето во иднина планира да организира и други активности од овој вид.