Прв академски час!

Денес – 3.10.2022, е прв академски час за дел од нашите ученици кои одлучиле по завршување на средното образование да се запишат на студии на некоја високообразовна институција.

Почитувани бруцоши,

започнувате нов степен на едукација, нова фаза во животот и нов предизвик. Вашата цел и приоритет нека биде градење на трајни вредности. Користете го секој момент да стекнете нови знаења и вештини, да дојдете до богати научни откритија и да стекнете професионално и животно искуство. Бидете креативни, посветени и секогаш чекор понапред од другите!

Среќен почеток и успешна студиска година!

В.д.директор Јованка Шалева

Наставниот кадар, стручни служби, технички персонал при СОУ ,,Коле Нехтенин’’ Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *