Прво место на регионален натпревар во Струмица
Спортската екипа при СОУ”Коле Нехтенин” Штип, под менторство на проф.Антонио Киров, на 24.03.2022 во Струмица на Регионалните натпревари убедливо го освои првото место и се пласира на т.н. Гимназијада која ќе се одржи на 6 мај, исто така во Струмица.
Гимназијадата има ранг на еден вид Државен натпревар и ќе се натпреваруваат само 4 спортски екипи од целата држава. Предизвикот да се биде најдобар секако е прифатен, а целта достижна бидејќи се’ се може кога се сака!
Честитки за учениците и менторот и многу успех на претстојните натпревари!
в.д.дир.Јованка Шалева


