Практични часови по учење преку работа кај работодавач – “Актива”

На 4 и 5 април 2022 г., дел од учениците од машинската и електротехничката струка заедно со своите наставници Игор Милев, Даниел Ѓорѓиевски и Стојан Хаџи Николов, практичните часови по Учење преку работа кај работодавач ги реализираа во производствените капацитети на компанијата “Актива”.

Учениците имаа можност да го следат производствениот процес (припрема на метални конструкции со помош на ласерско мерење и сечење на профили како и заварување со роботска рака со 5 степена на слобода и др.) и да ги прошират своите знаења.

Соработката со оваа компанија продолжува до крајот на наставната година, а во текот на летните месеци дел од учениците токму овде ќе ја реализираат својата феријална пракса.Ова е голем исчекор напред за нашето училиште, а поврзувањето на теоретските знаења со практични и соработката со бизнис секторот останува наш приоритет во иднина.

Образованието е најмоќното оружје во рацете на секој ученик, посебно ако се базира на здрава основа.Продолжуваме по патот на успехот и градиме подобро општество за сите!

в.д.директор Јованка Шалева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *