Пошумување на крајбрежјето на река Брегалница

Членови на Еко Клубот на СОУ Коле Нехтенин придружувани од педагогот Сузана Ефтимова на 30.11.2018 учествуваа во пошумување на крајбрежјето на река Брегалница. Акцијата за пошумување на тополи и врби е една од активностите која се спроведува во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, која ја спроведува Македонското еколошко друштво , за обновување на крајречните шуми долж реката Брегалница, со цел подобрување на нивните основни функции во заштита од ерозија и поплавување на околните површини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *