Почеток на второ полугодие 2021/2022
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани ученици и родители, Ве известуваме дека второто полугодие од учебната 2021/2022 година ќе започне од вторник, 1 февруари со физичко присуство на учениците.
Учениците од Електротехничка струка започнуваат со настава прва смена во 7.30 часот.
Учениците од Машинска струка и Угостителско – туристичка струка започнуваат со настава втора смена во 13.30 часот.
Продолжувањето на учебната година беше одложено за две недели поради зголемениот број на случаи на ковид-19 и брзото ширење на сојот омикрон.
Директорот, стручните соработници и целиот наставен кадар Ви посакуваат успешно продолжување на наставната година.