Потпишан Меморандум за соработка во просториите на “Имако вино” – Штип

Денес во просториите на “Имако вино” Штип, потпишавме Меморандум за соработка. Дел од нашите ученици практичната настава по предметот Учење преку работа кај работодавач ќе ја реализираат овде.

Идејата за оваа соработка со задоволство беше прифатена и поддржана од страна на г.Никола Љуботенски, управител на “Имако вино”, кому му изразуваме јавна благодарност.

Продолжуваме да инвестираме во нашите ученици, да го поттикнуваме истражувачкиот дух во нив, желбата за работа и градење визија за иднината!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *