Посета од Еразмус студенти од Полска, Италија, Франција и Турција
Како дел од соработката со Еразмус Импулс деновиве имавме посета од Еразмус студенти од Полска, Италија, Франција и Турција. Нашите ученици ги учеа студентите како се подготвуваат штипските пастрамајлии, а за возврат од нив научија да зготват вкусни домашни италијански њоки. Учениците и студентите се забавуваа работејќи заедно и споделуваа повеќе информации за македонската и италијанската национална кујна, но и за различните традиции и култура.
Во кујната на СОУ”Коле Нехтенин” Штип секогаш мириса на нешто добро и вкусно!








