Посета на штипско Ново Село – “Да се знае, да се негува и да се дејствува” – во рамки на “Содржините програмирани од училиштето”

Под мотото „ Да се знае, да се негува и да се дејствува” во рамките на „Содржините програмирани од училиштето” денес учениците од нашето училиште беа во посета на штипско Ново Село. Учениците ги посетија спомениците на културата , кои се заведени како културно наследство на нашата држава, како и Музејот на револуционерната борба за Штип и штипско 1893-1934. Исто така беше посетена и уметничката галерија „Безистен“ каде е отворена изложбата „Македонија памети, никогаш да не се повтори“. Учениците имаа можност да се запознаат со работи кои ги поседувале Евреите. Изложбата е по повод 80 годишнината од Холокаустот на Евреите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *