Посета на училиштето од заменик министерот од Министерството за труд и социјална политика
Заменик министерот од Министерството за труд и социјална политика г.Енвер Хусеин денес го посети нашето училиште.
Целта на посетата беше да се направи увид во работата на училиштето, тековните активности и идните планови.
Заменикот министерот се интересираше за историјатот на училиштето, нашата мисија и визија, и ќе даде свој придонес во реализацијата на одредени проекти за развојот на СОУ”Коле Нехтенин” Штип како средно стручно училиште чијшто единствен приоритет е градењето силни личности кои понатаму ќе бидат движечка сила за напредок на нашето општество.





