Посета на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул

На 23.5.2022 г.наставниците од СОУ”Коле Нехтенин” Штип го посетија македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул каде што со директорот г. Рамадан Рамадани разговараа на повеќе теми: посредување при поврзување со сродно средно стручно училиште од овој град, испраќање на наши ученици како идни студенти на Истанбулскиот универзитет, учество во проекти организирани од страна на нашето Министерство за култура и сл.
При посетата наставниците имаа прилика да ја видат изложбата на ликовен уметник од Македонија и да се сретнат со претставници на НУБ “Св. Климент Охридски” Скопје.
Секое излегување од рамките на секојдневниот оквир, отвора можности за соработка и напредок.
Во иднина СОУ”Коле Нехтенин” Штип ќе се насочи кон реализација на потенцијалните можности за соработка, затоа што нашата цел е да бидеме секогаш чекор напред и да имаме задоволни и мотивирани ученици!
в.д.директор Јованка Шалева

Leave a Reply

Your email address will not be published.