Посета на “Кондево”
Дел од учениците од четврта година, електротехничка и машинска струка, предводени од стручните наставници, Дејан Рунчев, Владо Арсов, Игор Милев и Даниел Ѓоргиевски денес ја посетија компанијата “Кондево”.
Во текот на шестчасовната посета(во две групи) тие имаа несекојдневна прилика и можност одблизу да го следат производствениот процес на проточни бојлери на метан, од производството на составни компоненти, контрола на квалитет до нивно составување и пакување. Исто така тие проследија и симулација на краен продукт.
“Кондево” работи за најголемите произведувачи како што се: Ariston, Bosch,Vaillant, Emas…Нашите ученици пројавија голем интерес и споделуваат позитивни импресии од денешната посета.По завршувањето на сите обврски околу училиштето, во јуни голем дел од нив ќе посетуваат платена пракса и ќе имаат можност веднаш да склучат договори за работа.
Во услови на светска економска криза СОУ”Коле Нехтенин” Штип грижата за своите ученици ја продолжува и по нивното излегување од училишните клупи преку посредување при нивното вработување.
Продолжуваме да инвестираме во нашите ученици и да го поттикнеме најдоброто во нив!
в.д.дир.Јованка Шалева



