Посета на изложбата “Приказна за штипските Евреи”
По повод 80 години од депортацијата на штипските Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска, учениците од 1-8 клас заедно со професорката по историја Елизабета Протогерова ја посетија изложбата „Приказна за штипските Евреи, на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Штип.
На 26 паноа хронолошки е раскажан
животот на Евреите во Штип, од нивното доселување па се’ до депортирањето на 11 март 1943 година. Во изложбата посебно внимание е посветено, преку фотографии да се оживее некогашното Еврејско Маало со имињата на улиците во периодот меѓу
двете светски војни и Втората светска војна.
