Посета на градот Крушево – екскурзија во рамките на добиениот Грант од МОН
Во петок на 12.5.2023 година се реализираше втората активност-заедничка екскурзија во рамките на добиениот Грант од МОН за мултиетничка интеграција под раководство на координаторите Жаклина Атова и Абдула Муадини. Учениците од нашето училиште заедно со учениците од партнер училиштето „Сами Фрашери“ го посетија градот Крушево. При тоа учениците заедно со наставниците ги посетија споменикот Македониум-каде беше одржан час по историја за Крушевската република , Музејот на Илинденското востание, гробот и спомен куќата на Тоше Проески. Учениците го продолжија дружењето со прошетка низ Крушево и пиење заедничко кафе.
На тој начин беше постигната целта на оваа активност: меѓусебно запознавање и дружење на учениците од различни етнички заедници, но и подобрување на соработката помеѓу учениците од различни етнички заедници за разбивање на предрасудите и стереотипите кои владеат на ова поднебје и заеднички да придонесат за развој на мултикултурно општество.