Посета на генералниот директор на “Актива”
СОУ ,,Коле Нехтенин” ја јакне својата соработка со бизнис секторот. Во посета на нашето училиште, на 13.5.2022, беше генералниот директор на гигантот ,,Актива”, господинот Иле Николов, кој ги запозна матурантите со можностите за вработување и професионален напредок во компанијата. Веднаш потоа нашите матуранти беа гости во самата компанија ,,Актива”, придружувани од професорите Александра Романова Тасевски и Дејан Рунчев. Таму од страна на стручни лица и самиот директор лично, беа информирани за работните позиции, условите за работа и соработка. ,,Актива” ги отвори своите врати за вработување за учениците од СОУ ,,Коле Нехтенин” и дополнителна стручна соработка.
Проф. Александра Романова Тасевски





