Подигнување на еколошката свест

Членовите на Еко Клубот од нашето училиште на креативен начин им ги честитаа престојните Новогодишни и Божиќни празници на сите ученици и вработени. Од над 700 собрани пластични шишиња и 300 пластични чаши тие изработија Новогодишни елки и снешко и покажаа дека пластиката која секојдневно се фрла може повторно да се искористи на различни начини. На овој начин Еко клубот работи на подигнување на еколошката свест на сите нас за селектирање на отпадот , затоа што селектираниот отпад може повторно да се употреби и така нема да ја загадува природата. Еко клубот ви ги честита Новогодишните и Божиќните празници со желби за добро здравје ,а бидејќи доброто здравје доаѓа од чиста природа порачуваме ” Да селектираме денес , за да бидеме здрави утре”.

Leave a Reply

Your email address will not be published.